Линкови за пристапност

Деветмина уапсени по масакрот во тунискиот музеј


Властите велат дека се` уште трагаат по соучесници на терористите кои го извршиле нападот.

Туниските власти велат дека уапсиле девет лица во врска со масакрот во тунискиот музеј во кој беа убиени 23 лица.

Тунискиот парламент повика на ден на солидарност откако вооружени лица отворија оган во една од најголемите туристички места во главниот град, убивајќи 19 луѓе и ранувајќи повеќе од 40 други.

„Целта на нападот бил парламентот и националниот музеј“, кажа Мохамед Енасеур за време на специјалната сесија доцна во средата. „Ова се симболи и нападот беше порака до нас дека терористите денеска се променети и се присутни во градот, и дека ги имаат во вид нашите национални симболи“.

Премиерот Хабиб Есид ги идентификуваше напаѓачите како Јасин Лабиди и Хатем Качнаои. Тој кажа дека тие носеле униформи во армиски стил кога нападнале туристи во Националниот музеј Бардо во Тунис пред да земат мала група заложници.

Полицијата убила двајца напаѓачи во операцијата за ослободување на заложниците, и властите велат дека биле во потрага по можни тројца потенцијални соучесници.

Јапонските официјални лица во четврток кажаа дека меѓу мртвите имало три лица од Јапонија. Есид кажа дека двајца Тунижани биле меѓу жртвите од Германија, Италија, Полска и Шпанија.

Во телевизиското обраќање до нацијата во средата навечер претседателот Беџи Цаид Есебси кажа, „Сакам луѓето на Тунис да сфатат дека ние сме во војна со тероризмот и овие ѕверски малцински групи нема да не` заплашат.“

Советот за безбедност на ОН силно го осуди нападот.

„Членовите на Советот за безбедност нагласија дека никаков терористички напад не може да го попречи патот на Тунис кон демократија и сите напори насочени кон економско опоравување и развој.“

Американскиот државен секретар Џон Кери беше меѓу официјални лица во светот кои исто така ги осудија нападите и понудија поддршка за Тунис.

„Ја поздравуваме брзата реакција на туниските власти на денешното насилство и нивните напори за решавање на ситуацијата и обновување на смиреноста“, рече Кери во соопштение испратено по електронска пошта.

Францускиот премиер Мануел Валс нападот го нарече акт на тероризам.

Аналитичари велат дека нападот не бил само напад на туниската економија туку и одговор на неодамнешната владина акција против поддржувачи на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG