Линкови за пристапност

Финансиска писменост


Програма за финансиско описменување на тинејџерите им дава вештина за работа со пари што ќе им користи цел живот

Математиката е голем дел на американското образование. Но премногу често учењето на децата како да ја користат математиката за планирање на буџетот или за работа со нивните сопствени пари не е во наставниот план. Во едно училиште во Мериленд, учениците може да се запишат на клас што ќе им развие вештина корисна за цел живот.

Програмата во средното училиште Чарлс Х. Флауерс била воведена пред три години, од наставничката Камила Пи, која се` уште го предава курсот.

Таа објаснува дека „многу ученици го земаат овој клас зашто сфаќаат оти финансиската писменост може да им ја промени иднината“.

Мислење за парите

Една од најважните лекции е како да се заштедат пари и да се донесат подобри финансиски одлуки.

„Многу од нашите деца доаѓаат од семејства од средната класа, така што нивните семејства имаат пари“, вели Пи. „Тие се облекуваат во дизајнерска облека и носат дизајнерски чевли. Тие се во трендови. Се обидувам да ги натерам да разберат што имаат нивните родители. Како ќе го одржите своето богатство?“

„Да им предавате на децата за пари, потребен е креативен приод“, вели таа, „зашто тоа е концепт за возрасни“.

„Некогаш треба да ги привлечете. Тие не сакаат некој да застане пред нив и да им држи лекција. Сакаат нешто кое има врска со нив. Ако не јавидат таа врска, сте ги загубиле“.

Седумнаесетгодишната Чаилука Одукве никогаш не го загубила интересот за темата. Таа вели дека наставничката Пи ја инспирирала да го сфати сериозно штедењето.

„Таа не` научи за штедењето. Зборував со родителите да отворам сметка за штедење. Секој месец ставате малку пари и за некоја година гледате дека сте заработиле. “

Планирање на сопствениот буџет

Пи исто така се труди да ги научи своите ученици како да направат листа на приоритети и да донесуваат подобри финансиски одлуки. Се обидувам да ги натерам да нарават избор за иднина, вели таа, а не толку за овој момент. Тоа е тешко зашто тие го гледаат „сега“, а не го гледаат „утре“.

Абиола Бакаре ја сфатил сериозно таа лекција. Станал многу посвесен за вредноста на парите.

„Имам брат и сестра“, вели тој. „Мајка ми секогаш плаќа за нашите потреби. Често ми вели – смири се малку со барањата. Сега сфаќам дека треба да имам буџет и да решам што ќе потрошам сега, а што ќе оставам за подоцна“.

Тоа му помогнало да си направи приоритети. Моја краткорочна цел е да направам доволно пари, за да ги имам во случај итно да ми требаат. Долгорочна цел ми е да си купам автомобил, на старо.“

Научи од грешките на други

Пи ги учи децата за финансиските грешки што други ги направиле, многу возрасни што ги прават, да влезат во долг или да плаќаат само минимално од она што го должат на кредитна картичка со што долгот расте. Поголем дел од нејзините ученици сега можат да ги препознаат лошите навики и да избегнат такво трошење.

„Тинејџерите сакаат да ја следат модата“, вели Чаилука. Тенденција кај нив е да трошам многу на работи кои ги користат само недела или две, а потоа не се веќе во мода.“

Абиола се согласува. „И јас сум ја правела таа грешка. Заработив пари и наместо да почнам да штедам за иднина, ги потрошив на некакви чевли и облека што беше голема грешка“.

Никогаш не е доцна - никогаш не е рано

Минатата година, Камила Пи била именувана за најдобар едукатор за лични финансии, од вашингтонската гранка на Џампстарт, непрофитна организација што промовира финансиска писменост. Заменик-директорот на училиштето, Чарлс Х. Флауерс, Моџи Силва вели дека нејзиниот клас е важен дел на напорите на училиштето да им помогне на учениците да развијат практични животни вештини.

„Сфативме дека ако ученик излезе од училиште без да знае како да балансира чек, не знае како да прави буџет, како да земе заем и да ги оцени работите, кој пат да го одбере, тие завршуваат со банкротство дури и по завршен колеџ“.

Класот станал многу популарен меѓу учениците и нивните родители.

Силва вели „Еден родител ми рече – во мое време немавме ништо вакво. Не знаев како да напишам чек додека не дојдов на колеџ“.

Како дел од класот, Пи ги охрабрува родителите да разговараат со нивните деца за пари и да ги охрабруваат да поставуваат прашања.

„Барам од децата да ги прашаат родителите колку заработуваат? Како ги плаѓаат сметките? Колку е сметката за струја? Колку чини бензинот? Колку чини храната? Кога одат да купуваат, родителите може да зборуваат со децата за даноците, за продажните даноци“.

Со такви разговори, Камила Пи вели дека финансиската писменост станува дел од секојдневниот живот.

XS
SM
MD
LG