Линкови за пристапност

Североистокот на САД под снежно невреме, но не толку лошо колку што се очекуваше


Масачусетс беше најтешко погодена сојузна држава, додека Њујорк и Њу Џерси почнаа да ги креваат ограничувањата за патување

Масивно зимско невреме остави до 60 сантиметри снег во некои делови на североисточниот дел на САД во понеделник и вторник, но не беше лошо колку што предвидуваа метеоролозите.

Масачусетс и Конетикат добија најмногу снег. Предупредувањата за снежна бура остануваат во сила во Масачусетс и во вторник попладне, како и во крајбрежните области на Мејн и Род Ајленд.

Снегот не беше единствената опасност од невремето, кое донесе и силни ветрови. Најсилните достигнале 126 километри на час на островот во Масачусетс, Нантакет. Во оваа сојузна држава се пријавени и прекини на струја и поплави.

Во Њујорк и Њу Џерси е поинаква приказна. Таму официјални лица требаше да ги бранат своите претходни силни предупредувања за невремето, додека бурата донесе помалку снег од антиципираното.

Гувернерите на овие две држави почнаа да ја креваат забраната за патување, од зори во вторник, а Националната метеоролошка служба го откажа предупредувањето за големо невреме за градот Њујорк.

Њујоршката берза оперираше нормално во вторникот, а подземната железница, возовите и автобусите почнаа повторно да се движат. Но, седиштето на ОН и многу бизниси и училишта на северозападниот дел останаа затворени.

Патувањето низ регионот останува проблематично во текот на денот во вторник, со над 4.500 летови откажани.

Невремето го заобиколи главниот град, Вашингтон. Имаше само слаб снег измешан со дожд, но федералните служби и јавните училишта во градот отворија два часа подоцна за да им се даде на луѓето повеќе време да стигнат на своите дестинации.

XS
SM
MD
LG