Линкови за пристапност

Извлечени двете „црни кутии“ од авионот на Ер Азија


Следи нивна анализа во Џакарта и се очекува појасна слика за причината на катастрофата во која загинаа 162 лица.

Индонезиските нуркачи ги извлекоа и двете таканаречени „црни кутии“ од авионот на Ер Азија кој минатиот месец се урна во Јаванското Море, при што загинаа 162 лица.

По анализата во Џакарта, се очекува да се добие појасна слика за причините за уривање на летот 8501 на Ер Азија на 28-ми декември.

Во моментов, истражителите веруваат дека пилотите се обидувале да избегнат невреме спуштајќи го авионот подолу. Авионот сообраќал на релација Сурабаја – Сингапур.

Авионот исчезна од радарот додека се наоѓал над Јаванското Море на нешто помалку од половина пат од двочасовниот лет. Во него имало 162 патници и членови на екипажот. Досега се извлечени 48 тела.

Властите се надеваат дека повеќето од останатите жртви ќе бидат пронајдени кога ќе бидат поместени неколкуте големи парчиња на урнатиот авион од дното на морето.

XS
SM
MD
LG