Линкови за пристапност

Протести во Њујорк по друг случај на непокренување обвинение против бел полицаец


Протести во Њујорк
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Протести во Њујорк

Протестите беа поттикнати од одлука на голема порота полицаецот да не одговара за смртта на невооружен црнец кој починал по полициска интервенција.

Од среда има протести во Њујорк како реакција на одлука на голема порота да не покрене обвинение против бел полицаец кој совладал невооружен црнец со употреба на полициска јамка, по што лицето починало, во јули.

Голем број луѓе маршираа низ Тајмс Сквер со часови откако одлуката беше објавена. Големата толпа ја натера њујоршката полиција да го блокира влезот до плоштадот Рокфелер, каде е планирано одржување церемонија на осветлување на новогодишната елка. Десетици демонстранти легнаа на подот на терминалот на станицата Гранд Централ, изведувајќи тивка таканаречена „демонстрација на умирање“.

Во инцидентот снимен со камера на умен телефон од минувач, 43-годишниот Ерик Гарнер влегол во препирка со неколку њујоршки полицајци кои го апселе заради продавање цигари. По неколку минути полицаецот Даниел Панталео го грабнал Гарнер од грб во јамка за вратот и го совладал на тротоарот.

Крупниот Гарнер, кој имал астма, неколку пати се слуша на снимката како вели „Не можам да дишам!“ Медицинското вештачење утврдило дека Гарнер е убиен со јамката, процедура што била забранета од Одделот за полиција на градот Њујорк во 1993.

Генералниот правобранител на САД, Ерик Холдер, во среда соопшти дека отвара федерална истрага за граѓански права за смртта на Гарнер, потег што семејството на Гарнер и активисти го бараа последните неколку месеци

Одлуката да не се покрене обвинение против Даниел Панталео доаѓа на помалку од две недели од одлуката на голема порота во Фергусон, Мисури, исто така за непокренување на обвинение против бел полицаец кој фатално застрела невооружен црн тинејџер за време на улична конфронтација.

XS
SM
MD
LG