Линкови за пристапност

Полицаецот Вилсон даде оставка


Дарен Вилсон нема да биде обвинет за убиство на невооружен црн тинејџер и нема повеќе да работи во Фергусон како полицаец, но протестите продолжуваат.

Белиот полицаец кој смртно застрелал невооружен црн тинејџер во централната сојузна држава Мисури по улична конфронтација, што предизвика протести, даде оставка.

Адвокатот на полицаецот Дарен Вилсон во саботата изјави дека неговата оставка од полицискиот оддел на Фергусон стапува во сила веднаш. Вилсон беше на платено административно отсуство откако го уби 18-годишниот Мајкл Браун во август во предградието на Сент Луис, Фергусон.

Градоначалникот на Фергусон, Џејмс Нолс, на прес-конференција во неделата кажа дека ниту тој ниту шефот на полицијата побарале од Вилсон да даде оставка, додавајќи дека тој нема да добие никаков финансиски надоместок за заминувањето.

Нолс кажа дека властите работат на собирање ресурси за поправање на штетата од протестите и ограбувањето по одлуката на големата порота од понеделникот да не се покрене обвинение против Вилсон за убиството на Браун.

Нолс додаде дека официјалните лица бараат начин да постапат по поплаките од заедницата на Фергусон и дека ќе ги зголемат напорите за регрутирање повеќе Африкански Американци во полицијата.

Шефот на полицијата на Фергусон Том Џексон вели дека нема да даде оставка.

XS
SM
MD
LG