Линкови за пристапност

Авганистан и САД потпишаа безбедносен договор


Двете страни го потпишаа пактот во Кабул во вторник, еден ден откако Ашраф Гани официјално стана претседател на Авганистан.

Новата влада на Авганистан и САД го потпишаа долго-одложуваниот безбедносен договор што ќе дозволи околу 10.000 војници да останат во Авганистан кога меѓународната борбена мисија ќе заврши на 31-ви декември.

Двете страни го потпишаа пактот во Кабул во вторник, еден ден откако Ашраф Гани официјално ја презеде функцијата претседател на Авганистан од Хамид Карзаи.

Под силно обезбедување, претставници од светот се приклучија на политичките и религиозните лидери на понеделничката инаугуративна церемонија, што беше одржана во претседателската палата во Кабул.

Изборниот ривал Абдула Абдула исто така даде заклетва како нов извршен шеф на државата според договорот за поделба на власта постигнат по месеци на пост-изборна криза.

Американскиот државен секретар Џон Кери им честиташе на двајцата лидери и ги пофали за трансформирање на „моментот на предизвик“ во „момент на вистинска можност“.

XS
SM
MD
LG