Линкови за пристапност

СЗО: Половина милион повреди на `рбетот годишно


Нов извештај вели дека луѓето со такви повреди почесто умираат предвремено, а најмала стапка на преживување има во земји со помали примања.

Светската здравствена организација објави нов извештај со наслов „Меѓународна перспектива за повреди на „рбетот“. Алана Офицер од СЗО вели дека такви повреди можат да предизвикаат парализа, но проблемот е многу поголем од тоа:

„Тука се здравствени проблеми со функцијата на цревата и мочниот меур, тешкотии со сексуалната функционалност, ментални проблеми.“

Офицер е координаторка за попреченост и рехабилитација. Таа вели дека причина за овие повреди најчесто се сообраќајни несреќи, паѓање и насилство.

Но причините варираат во фрекфенција од регион до регион.

На пример, сообраќајните несреќи се најголема причина за овие повреди во Африка и западниот пацифички регион. Падовите се најголема причина во Југоисточна Азија и Блискиот исток. Насилството како најголема причина е во Јужна Африка. Но има и нетрауматски причини за повреди на `рбетот, како тумори и рак, туберкулоза и спинабифида.

За туберкулозата обично се мисли како на болест на белите дробови. Но во суб-Сахарска Африка на неа отпаѓаат 30 проценти од нетрауматските причини за повреди на `рбетот.

Спинабифида е дефект на коскениот дел од `рбетот. Во тешки случаи тоа може да биде проблем за одење и за дневните активности. Здравствените претставници велат дека не знаат што точно е причина за проблемот, но дека може да биде поврзан со гени и фактори од животната средина.

Повеќе мажи страдаат од повреди на `рбетот отколку жени, во размер два спрема еден. Мажите доживуваат вакви повреди на возраст меѓу 20 и 29, додека жени и девојчиња меѓу 15 и 19. Тоа е првиот врв на болеста, додека вториот доаѓа кај постари луѓе, велат од СЗО.

При сето тоа, главна причина за предвремена смрт е непостоењето пристап до медицински услуги.

Офицер вели дека многу од причините за повреди на `рбетот можеле да се спречат. Тука се инфекциите на уринарниот тракт и инфекции од предолго лежење во кревет, кога пациентот лежи во една положба. Во држави со високи примања овие проблеми не се опасни по живот.

СЗО препорачува итна акција доколку има сомневање за повреда на `рбетот, вклучувајќи имобилизација на `рбетот. Откако ќе се даде акутна нега зависно од големината на повредата, препорачува вешта рехабилитација и услуги за ментално здравје, зашто вели, 30 проценти од луѓето со `рбетни повреди покажуваат клинички знаци на депресија.

Во моментов нема лек за парализа на `рбетот, но во тек се големи истражувања во оваа област.

Офицер вели дека многу може да се стори за превенција на проблемот, како градење побезбедни патишта и возила, намалување на пиење и возење, и возење со врзани појаси. Меѓу другите мерки се побезбедни спортови, инсталирање заштита за прозорците да се спречат падови, подобрување на безбедноста на работно место, рана детекција и третман на ТБ и подобрување на хранливоста на диетата да се намали спинабифида.
XS
SM
MD
LG