Ова е седма година по ред ученици од Централна и Источна Европа и САД да разменуваат идеи за заедничките вредности и почитување на принципите на слобода и соработка. Годинава се одржува од 30-ти јуни до 26-ти јули, а целта на програмата е да ги унапреди односите меѓу младите од овие делови на светот. Инспирирана е од еден од основачите на САД, Бенџамин Франклин, познатиот поборник за верска толеранција и слобода на говорот.
Македонија годинава ја претставува Михаела Димовска од Битола. Taa вели дека посетите на Вашингтон и Филаделфија биле одлична можност теоретската основа од Вејк форест да се види на дело.
Таа за наставата рече дека е „интерактивна, со бројни дебати и симулации“. Наученото, вели таа, со задоволство би го пренела во Македонија.
„Веќе имам закажано презентација во американското катче во Битола, каде ќе пренесам дел од искуството од иницијативата. Се надевам дека и во другите американски катчиња низ Македонија ќе можам да го сторам истото“, изјави Михаела.
Програмата е дизајнирана да ги акцентира проблемите во одредени земји од каде потекнуваат учениците, како и влијанието на медиумите воопшто. Таа воедно е и можност за остварување на професионални контакти и нови пријателства.
„Сите се вклопивме одлично, навистина учиме еден од друг, се прашуваме за нашите земји, каква е културата во другите земји. Исто така имав можност да искусам и различна кујна, беше организирана интернационална вечера, мошне интересно, шанса да се дознае повеќе за храната, менталитетот на луѓето. Се` на се`, одлична можност за запознавање нови луѓе, остварување контакти и секако стекнување на животни пријателства“, потенцираше Михаела .
Трансатлантската студентска иницијатива Бенџамин Франклин ја спонзорира Стејт департментот, а ја реализира Универзитетот Вејк форест во сојузната држава Северна Каролина.
Конкурсот за учество во програмата го објавува амбасадата на САД во Македонија еднаш годишно.