Линкови за пристапност

Деби се заканува долж Мексиканскиот Залив


Најрано формирано невреме од 1851-ва, кога започнале да се водат податоци за сезоните на урагани на Атлантикот.

Тропското невреме Деби ослабна, но сепак се задржа во североисточниот дел на Мексиканскиот Залив, донесувајќи поројни дождови во Флорида.

Деби официјално се води како четвртото регистрирано невреме во годинешната сезона на урагани на Атлантикот.

Според Американскиот национален центар за урагани, ветриштата на невремето се со брзина од 85 километри на час, а во наредните неколку дена ќе се движи кон североисток, долж Мексиканскиот Залив.

Поради Деби, прекинаа приближно 8% од прозводството на нафта и гас во регионот, но не се очекува тоа значително да се одрази на нафтените цени.

Ова е по првпат од 1851-ва, кога започнале да се водат податоци за сезоните на урагани на Атлантикот, едно невреме да се формира пред 1-ви јули.
XS
SM
MD
LG