За дезинформациите: Разговор со Фатлуме Дервиши, новинарка

Your browser doesn’t support HTML5

Фатлуме Дервиши, е единствената новинарка новинарка од Северна Македонија, која заедно со уште 20 други новинари од целиот свет, беше на тринеделна обука за дезинформации и истражувачко новинарство во САД, како дел од програма за новинари на Стејт Департментот.

Новинарката од Алсат телевизија, Фатлуме Дервиши, беше дел од група од 21 новинар од различни делови на светот и единствена од Северна Македонија, каде при посетата на повеќе медиуми во САД, како што е Гласот на Америка, средби со искусни новинари, но и претставници на Стејт департментот, универзитетски професори, се здобила со искуства за тоа како САД се справуваат со дезинформациите. За Дервиши, која била дел од програмата за новинари, „Едуард Муроу“ на Стејт департментот, тоа отворило нови видици за неа.

„Присутните новинари беа од различни земји на светот, беа од африканските држави, од земјите на Латинска Америка, Балканот и секој од своето искуство зборуваше за професионалното новинарство, како до истражувачко- професионално новинарство. Беше многу корисна за мене со информации, кои јас сега ќе ги користам овде при мојата работа“, вели Дервиши.

Ја прашавме како Северна Македонија се справува со лажните вести во однос на САД и другите земји. Тие вели не се нов феномен ниту кај нас

„Не можам да кажам дека ризикот од дезинформации во САД и во Македонија е сличен. Бидејќи во САД имаат многу повеќе ресурси и соработка меѓу институциите да се справуваат со тоа. Во споредба со другите земји, новинарите кои беа учесници таму, беа многу внимателно избрани, од земји каде ризикот од дезинформации е многу поголем, особено од дезинформации од Русија и Кина“, вели Дервиши.

Смета дека државата треба да направи долгорочен план, како во наредните 10 години институциите да се занимаваат со дезинформациите, да одвојуваат средства, за да овој проблем почне да се третира сериозно. Се зборувало и за тоа како е да се биде истражувачки новинар во САД, во споредба со останатите земји, предизвиците со кои се соочуваат новинарите , како и нивната безбедност.

„За разлика од таму тука во Македонија, професионалното новинарство е загрозено. Можеби ниеден национален медиум тука во Македонија, ги нема условите, ниту половина од условите, кои таму ги имаат дури и локалните медиуми. Таму цел еден систем е посветен за новинарите да имаат простор и можност за работа. И цел еден систем е посветен на тоа да се почитува првиот амандман, слободата на говорот“, објаснува Дервиши.