Денес е Светски ден против заболувањето.
Една третина од смртните случаи од рак може да се спречи. Но, глобалната анкета што Светската здравствена организација (СЗО) ја спроведе по повод Светскиот ден против ракот, покажува дека преку половина од земјите во светот немаат сеопфатна стратегија што би спасила животи.
Ракот е убиец број еден во светот - во 2008-ма починаа 7,6 милиони луѓе, а секоја година се дијагностицираат околу 13 милиони случаи, според податоците на СЗО. Над две третини од новите и од смртните случаи се во земјите во развој и порастот е со алармантна стапка.
„Со стареењето на населението, а особено со изложеноста на главните ризични фактори, како тутунот, очекуваме бројот на нови случаи годишно да се удвои во текот на наредните 20 години. Познато е дека физичката неактивност, дебелината, цигарите и алкохолот се главни ризични фактори за ракот. Така, особено во поголемите градови во светот во развој очекуваме значителен пораст на лица дијагностицирани со рак“, вели Андреас Улрих од Оделот за хронични болести и промоција на здравјето при СЗО.
Но, ракот не мора да значи смртна пресуда - Улрих подвлекува дека една третина од смртните случаи може да се спречи со едноставна промена во начинот на живеење: оставање на цигарите, намалено конзумирање на алкохолот, подобра исхрана, редовно вежбање и одржување на здрава телесна тежина.
Некои видови на рак може да се спречат и на друг едноставен начин.
„Со вакцинирање, на пример, се спречуваат инфекции како хепатитисот - Б, што е причина за ракот на црниот дроб, или пак хуман папиломавирусот, причината за рак на грлото на матката. Покрај тоа, дава надеж и терапијата - постои голем напредок во клиничката медицина, под услов ракот рано да се дијагностицира“, наведува Улрих.
Според претставникот на СЗО, постојат многу ефикасни стратегии што не се скапи и што земјите со ограничени средства може да ги употребат за откривање на различни видови на рак, како оној на грлото на матката, или пак на дојката.
Анкетата на СЗО утврдила дека над половина од земјите во светот немаат сеопфатна стратегија против ракот. Податоците добиени од 185 земји укажуваат на голем јаз во планирањето против ракот и здравствените услуги што се пружаат. Само 17% од африканските земји и само 27% од оние со мал приход имаат план за спречување и откривање на случаите на рак и третман на болните. Но, ниту една од овие земји нема буџет да го поддржи спроведувањето на планот.