Линкови за пристапност

Здравје: Убивање на клетки на лимфома


Златни наночестички ги прегладнуваат до смрт клетките на рак

Лимфома е вид на рак на крвта во која лимфоцитите од телото кои се борат со болести почнуваат да се однесуваат ненормално и да формираат тумори. Поголем дел од видовите на лимфома може успешно да бидат третирани со хемотерапија, но некои агресивни форми може да бидат фатални.

Сега, истражувачите на Универзитетот Нортвестерн нашле нов начин за уништување на лимфомите без лекови. Тие ги хранат клетките на тумор со наночестички дизајнирани да личат како нивната омилена храна, природниот холестерол познат по кратенката ХДЛ. И бидејќи канцерогените клетки не можат да живеат на синтетички ХДЛ, тие со време ќе прегладнат до смрт.

Наночестичките, што ги развил Д-р Ц. Шад Тракстон, се однесуваат како честички на природниот ХДЛ, но се креирани околу честичка злато од 5-нанометри. Кога ќе ги собере канцерогена клетка, нивната сунѓереста површина го всмукува холестеролот, и златната срцевина ја спречува лимфомата да апсорбира повеќе холестерол.

Златните наночестички убиле лимфома на Б-клетки, најчестиот вид на болеста, кај човечки клетки во лабораторија, и спречиле растеж на тумор кај глувци.

Д-р Лео Гордон, соработник на Тракстон, вели дека терапијата „има потенцијал да стане нетоксичен третман на лимфома на Б-клетките“.

Нивната студија е публикувана во журналот Proceedings of the National Academy of Sciences.
XS
SM
MD
LG