Војната на Блискиот Исток станува сè посложена

Your browser doesn’t support HTML5

Во Сирија, контролирана од бунтовниците, многу луѓе ја прославија смртта на лидерите на Хезболах во Либан, иако тагуваа за смртта на семејствата во Газа. Војната на Блискиот Исток станува сè посложена. Известуваат Хедер Мардок од Истанбул и Моавија Атраш и Ахмад Фалаха од Идлиб, Сирија.

Прослави избија на улиците на Идлиб, Сирија, минатиот месец, по смртта на лидерот на Хезболах Хасан Насрала во Либан. Насрала беше убиен од Израел, кој нашироко се смета за непријател во Сирија.

Но, во последното упориште во Сирија што го држат бунтовничките сили, Хезболах, сојузник на владата на сирискиот претседател Башар ал Асад, исто така се смета за непријател.

Идлиб е дом на милиони раселени луѓе од сириската војна, во која од 2011-та загинаа повеќе од 350.000 цивили. И бомбите сè уште реалност во оваа област, иако голем дел од светот заборавил на војната.

Најзабележителни поддржувачи на владините сили се Русија, Иран и Хезболах, кои често се нарекуваат меѓу семејствата - „шиитски милиции“.

„Бевме принудени да бегаме поради воздушните напади и артилериското бомбардирање и инвазијата на режимот и шиитските милиции врз нашите села“, вели Хусеин Ал-Хамид, раселен Сириец.

Во Газа, Министерството за здравство вели дека повеќе од 43.000 цивили се убиени откако Хамас го нападна Израел во октомври 2023-ра, при што беа убиени 1200 луѓе и киднапирани стотици.

Хуманитарните работници во северозападна Сирија велат дека војната меѓу Хамас и Израел покрена комплексни чувства, поради широката и страсна поддршка за Палестинците во конфликтот.

„Имаме многу контрадикторни емоции. Среќни сме за убиствата на злобниците кои го убиваа сирискиот народ и ја уништија Сирија. Но, Израел беше тој што ги уби, и се уште ги убива нашите браќа во Палестина“, вели Салма Саиф, бегалка.

Под „наши браќа“ таа подразбира сонародници Арапи, муслимани и цивилни жртви на меѓународните војни.

Водачите на бунтовничката група која го држи поголемиот дел од Идлиб велат дека борбите продолжуваат со Хезболах во Сирија, иако силите на Хезболах се борат против Израел.

И како што ситуацијата во Либан се влошува со 1,2 милиони раселени и повеќе од 1.500 загинати, хуманитарната криза во Сирија исто така се влошува секоја година.

Помошта се намали, а ресурси одамна нема.

„Луѓето живеат во шатори. Во лето се чувствуваме како да сме во пламен, а во зима се чувствуваме како да се давиме во вода“, посочува бегалецот Хусеин.

И покрај нивните страдања, вели тој, овдешните семејства тагуваат за животите и соништата изгубени во воениот виор во Газа.