„Остануваме посветени на наоѓање решение и работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина, порачуваат од Владата по денешните средби во Софија. Успешниот Берлински процес дава позитивен моментум и охрабрување на процесот. Тоа е надополнето со засилениот ангажман на германското претседателство. По денешните работните средби во Софија остануваме посветени на наоѓање решение. Тоа е важно за Северна Македонија и за Бугарија. Тие сакаат да има решение, ние исто така сакаме. Работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина“ - брифираат од Владата во Скопје.
Мислам дека за регионот треба да се каже дека меѓусебно треба да се согласуватеМеркел, германска канцеларка
„Мислам дека за регионот треба да се каже дека меѓусебно треба да се согласувате, ова не го заборавајте.“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Ова беше пораката на германската канцеларка до Западен Балкан кој во моментот е оптоварен и со прашањето на македонско-бугарските односи. На заедничката прес-конференција со Зоран Заев и Бојко Борисов, Ангела Меркел, иако не директно, ја прати својата позиција до двајцата домаќини-копретседавачи на денешниот состанок со Берлинскиот процес што се одржа во Софија – дека низ дијалог треба да се најде решение за проблемите. Ниту Заев, ниту Борисов, кои претходно имаа заеднички состанок, на прес-конференцијата со канцеларката, не ги споменаа разговорите меѓу двете земји за прашањата со чие затворање Бугарија го условува почетокот на пристапните преговори ЕУ-Северна Македонија.
SEE ALSO: Заев: Добивме прва блокада од БугаријаВо воведното обраќање на Самитот, кој донесе декаларација за заеднички регионален пазар и подлабвока соработка, она што македонскиот премиер го потецираше, беше значењето на продолжување на проширувањето.
Треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓаниЗаев, премиер на Северна Македонија
„Верувам дека имаме обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори. Треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓани.“, вели Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.
Дека позитивниот момент во проширувањето треба да се искористи кажа и шефот на европската дипломатија, Борел.
Со одлуката за почеток на преговори со Албанија и С. Македонија треба да го задржиме позитивниот момент и да продолжиме да работимеБорел, висок претставник на ЕУ
„Со одлуката за почеток на преговори со Албанија и С. Македонија треба да го задржиме позитивниот момент и да продолжиме да работиме. Заедно соработувајќи, како што правиме во ЕУ, е најдобриот начин за надминување на наследството од минатото и градење подбра иднина.“, оцени Жосеп Борел, висок претставник за надворешна политика на ЕУ.
Скопје и Софија имаат кус период за решение – до наредниот вторник кога европските министри ќе расправаат за предлог-преговарачката рамка за земјава на која Бугарија се противи и во петокот, на амбасадорско ниво, веќе блокираше носење одлука.
Германското посредништво – и со минатонеделната средба на министерски делегации во Берлин, и со телефонските разговори на Меркел со Заев и Борисов, не донесе сериозно приближување на позициите. Ако ситуацијата остане иста, бугарско вето за македонските евроинтеграции станува извесно сценарио.