Линкови за пристапност

Заев: Добивме прва блокада од Бугарија

Заев: добивме блокада од Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:54 0:00

Заев: добивме блокада од Бугарија

Бугарскиот претставник се спротивставил на предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија за која се разговарало на денешниот Корепер – состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел. Ова, според премиерот Заев, е блокада од Софија и претставува кршење на Договорт за добрососедство.

„Ова е прв состанок на Корепер, ќе има прв и трет... Ова е испраќање на порака. Како што сум информиран имаме прва блокада од Бугарија. Членот 2 од Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија кажуваат многу прецизно како Бугарија ќе ја поддржи Северна Македонија во нејзините интеграции во Европската Унија. И дефинитивно денеска е прекршен тој член. Ние ништо не прекршивме од Договорот со Бугарија, напротив имплементираме и личности и спремни сме да ги објавиме записниците досега, и навистина ова е прво непријатно чувство што ни се случува, но верувам дека е порака да се забрзаат решенијата на кои се разговара меѓу двете работни групи предводени од министерствата за надворешни работи“ рече премиерот Зоран Заев.

This item is part of
XS
SM
MD
LG