САД одбележаа неславен рекорд со нови 47.000 случаи на Ковид-19, најголемо зголемување на ново заразени во еден ден од почетокот на пандемијата.
Трендот на нови случаи се движи од Аризона, Тексас до Калифорнија, иако има драстичен скок во Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.
Растечкиот број на позитивни случаи на коронавируст ширум САД го принуди д-р Ентони Фаучи, шеф на Националниот Институт за алергии и инфективни заболувања, пред сенатската комисија да предупреди дека актуелната стапка на нови инфекции може да се удвои на 100.000 дневно, ако не запре моменталниот тренд.
SEE ALSO: Сојузни држави во САД почнаа да ги враќаат рестриктивните мерки„Очигледно, засега сме надвор од контрола“, рече д-р Фаучи. Предупреди дека фокусот врз сојузните држави коишто минуваат низ најголем скок од нови случаи ја става „под ризик целата држава“.
Во време кога д-р Фаучи сведочеше на Капитол Хил, на гувернерите од Њујорк, Њу Џерси и Конектикат им се придружија уште осум сојузни држави – Калифорнија, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Луизијана, Мисисипи, Невада и Тенеси на претходната листа, чии посетители мора да бидат ставени во задолжителен 14-дневен карантин.
САД водат во светот со 2,6 милиони нови случаи, вклучувајќи и 127.000 жртви. Засега, САД се исклучени од листата на земји чии државјани може да влезат во ЕУ.
SEE ALSO: САД засега не се листата на земји, чии граѓани може да патуваат во ЕУНовата листа на ЕУ ќе биде обновена секои две недели, а влегува во сила од денес.