Линкови за пристапност

Сојузни држави во САД почнаа да ги враќаат рестриктивните мерки


Според универзитетот Џонс Хопкинс, вкупниот број на заразени во светот надмина 10 милиони лица, а бројот на смртни слуачи е над 502.000

САД и Индија се меѓу државите во светот каде бројот на заразени со КОВИД-19 нагло се зголемува, поради што властите почнаа со враќање на рестриктивните мерки, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Во САД, сојузните држави Флорида, Тексас, Калифорнија и Аризона, имаат најголемо зголемување на бројот на заразени.

Гувернерот на Флорида најави дека повторно ги затвора плажите, велејќи дека младите луѓе не носат маски и не практикуваат социјално дистанцирање.

Сојузните власти, исто така, забранија пиење алкохол во баровите, поради непочитување на мерките.

И гувернерите на Тексас и Калифорнија затворија многу барови, велејќи дека ширењето на вирусот зема опасен замав изминативе неколку недели.

Гувернерот на Вашингтон, пак, ја откажа четвртата фаза од плановите за отворање на сојузната држава.

Во Индија, пак, денес се регистрирани речиси 20.000 заразени, наоѓајќи се веднаш зад САД, Бразил и Русија, според бројот на случаи на коронавирус.

Според универзитетот Џонс Хопкинс, вкупниот број на заразени во светот надмина 10 милиони лица, а бројот на смртни слуачи е над 502.000.

Многу здравствени експерти велат дека вистинскиот број на заразени во светот можеби е многу повисок од регистрираниот, како последица на недоволно тестирање и лицата без симптоми, кои го пренесуваат вирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG