Уште 1,5 милиони отпуштени од работа поднесоа барање за компензација за невработеност минатата недела, што е најниска бројка во последните три месеци, објави Одделот за труд. Многу американски мали бизниси почнаа се да отвораат откако коронавирусот ги принуди да затворат.
SEE ALSO: Американската економија, официјално, во рецесија
Иако има намалување на бројката на лица кои бараат помош како невработени, економистите предвидуваат дека опоравувањето на нацијата од пандемијата ќе земе подолг период и ќе се префрли во 2021-ва.

Севкупно, 44 милиони лица поднеле барања за компензација при невработеност од средината на март, што е повеќе од една четвртина од работоспособното население од 164,6 милиони.
Стапката на невработеност е 13,3%, заклучно со мај, иако официјални лица признаваат дека поради системска грешка во истражувањето, стапката, треба да изнесува 16,4%.

Федералните резерви предвидуваат дека невработеноста ќе падне на 9,3% до крајот на годината, и до 6,5% до крајот на 2021-ва, што е пооптимистично очекување од предвидувањата од некои економисти.
Конгресот и Белата куќа разгледуваат - дали е потребна дополнителна владина помош за американските семејства да го забрзаат опоравувањето на економијата.