Денеска на видео конференциски состанок, трите земји потпишаа меморандум за разбирање и соработка во справувањето со пандемијата.
Еден од клучните елементи во документот е можноста граѓани на земјите-потписнички, ако се затекнат во некоја од овие држави, да се лекуваат таму каде што се хоспитализирани без да ги платат болничките трошоци.
Доколку некој граѓанин на Северна Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да плаќа од својот џеб.Заев, премиер на Северна Македонија
„Доколку некој граѓанин на Северна Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да плаќа од својот џеб. Истото ќе важи и за граѓаните на Албанија и Србија доколку се затечат на нашата територија и им е потребна помош. Ова се моменти на солидарност, на трезвено размислување, и на поткрепа која си ја даваме меѓу себе “, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.
SEE ALSO:
Филипче: Ситуацијата е крајно сериозна, засега без нови рестрикцииМеморандумот предвидува координација за набавка на вакцини, поддршка во ситуација на преоптоварување на здравствените системи, отворање зелени коридори за проток на стоки – граѓаните на трите земји ќе може да се движат без ПЦР-тестови.
Позитивен чекор е потпишувањето на меморандумот за да споделуваме информации, искуства...Рама, премиер на Албанија
„Позитивен чекор е потпишувањето на меморандумот за да споделуваме информации, искуства, како и товарот во справувањето со ковид-19.“, изјави Еди Рама, премиер на Албанија.
Заеднички ќе преземаме мерки и важно е што донесовме одлука нашите медицински тимови меѓусебно да разговараат и соработуваат.Вучиќ, претседател на Србија
„Заеднички ќе преземаме мерки и важно е што донесовме одлука нашите медицински тимови меѓусебно да разговараат и соработуваат. Тоа е важно, не само поради коронавирусот, ќе има и други вируси, да комуницираат нашите доктори, до создаваме блискост, доверба, но и да можеме на најконкретен начин да им помогнеме на нашите граѓани.“, оцени Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Надлежните во Скопје, Белград и Тирана, како и цела Европа, се соочуваат со „експлозија“ на инфицирани и хоспитализирани со што капацитетите на здравствените системи се доведени пред сериозен предизвик.