Линкови за пристапност

Филипче: Ситуацијата е крајно сериозна, засега без нови рестрикции


Интерните клиники во Скопје ќе хоспитализираат пациенти заболени од Ковид – 19. Обезбедени се дополнителни 250 кревети. Уште 500 тестови дневно плус за Скопје кое е најпогодено од епидемијата. Вакцинацијата за сезонски грип почнува идната недела

СКОПЈЕ – Експлозија на епидемијата во Македонија и крајно сериозна период. Вака министерот за здравство Венко Филипче ја оцени моменталната состојба по рапидниот скок на заболени во последните триесетина дена.Болниците се полни, се бара кревет повеќе а медицинскиот персонал е на границата на издржливост. Се активира планот за пренамена на клиниките за да може да се одговори на бранот на пациенти кои треба да се хоспитализираат.

„Состојбата е крајно сериозна. Здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Вирусот е широко распространет и најмало незвнимание и и отстапка може да значи инфекција“, рече Филипче.

Во моментов се хоспитализирани 890 пациенти и речиси и да нема слободни кревети, па затоа од утре целата зграда на клиниките за интерни болести ќе почне да ги прима пациентите заболени до Ковид – 19. Дерматологија,неврологија, гастро, реуматологија и нефрологија ги отвараат капацитетите за заболените од коронавирус со што се обезбедени дополнители 150 кревети. Како резерва се чува очната клиника и оториноларингологија со уште 100 кревети. Капацитетот на Градската болница е зголемен на 100 кревети но доколку е потребно ќе се стави повторно во функција како ковид центар. Активирање на приватните болници засега не е планирано.

Кревети има доволно смирува министерот Филипче.

„Има слободни кревети. Некогаш е потребно да се препратат пациентите од една во друга институција. Тоа може да предизвика паника кај пациентите, со право, да реагираат. Во таа смисла, секаде е направен план. Меѓутоа секаде каде што се наметнува потреба да се функционира како што никогаш досега не се функционирало создава проблеми. И тоа бара време и адаптација за ставање во функција на веќе направените планови“, изјави Филипче.

Утрово Комисијата за заразни болести одлучила дека треба да се почека и да се види дали постоечките мерки ќе дадат реузлати пред да се воведат нови рестрикции одноцно полициски час и затаварање на сите објекти.

„Имаме одлично димензионирани мерки и на утринскиот состанок на Комисијата заклучуивме дека дополнителни рестриркции во овој момент не трба да има. Апелирам да се почитуваат. Да не се излегува од дома освен ако нема голем потреба. Сакам да им се заблагодарам на сите здравствени работници за натчовечките напори кои ги даваат во моментов. Знам дека се преморени но искрено верувам дека ќе одговориме на овој здравствен предизвик за да издржиме и да се избориме со овој бран. Затоа бараме поддршка од сите, граѓаните и медиумите “, изјави Филипче.

Ист став има и премиерот Зоран Заев но појасни дека доколку Комисијата процени и го побара тоа, ќе биде воведен.

„Јас лично сум против полициски час и карантин, но ако има потреба и се јават причини за тоа ќе се донесе таква одлука. Но, во моментов, не гледам причини за тоа. Доколку би се вовел полициски час тој би бил од 21 до изутрина. Тоа и сега функционира без полициски час, со таа разлика што службите кои би се грижеле за негово спроведување може да завршат друга квалитетна работа“ изјави премиерот Заев.

Сериозен проблем е и медицинскиот пресонал чија бројка е лимитирана и кои веќе со месеци се на првите линии. Персоналот на Интерните клиники кои ќе примаат пациенти заболени од Ковид-19 ќе асистира. Според податоците на институтот за јавно здравје во моментов 266 здравствени работници се лекуваат од Ковид – 19.

„Никогаш нема да бидеме задоволни од бројот на персонал во ваква криза. Секогаш се добредојдени плус две раце. Уморни сме, ни требаат дополнителни луѓе, секогаш ќе бидат добредојдени. Недостатокот на медицински кадар како во цел свет така и кај нас и во криза и вонкриза бил проблем. Ние максимално се трудиме, секој еден од нас кој работи во болниците да го дадеме својот максимум независно на која позиција работиме“ изјави Милена Стевановиќ, директорката на Инфективната клиника.

Бранот на вирусот најмногу го погоди Скопје каде во моментов има речиси шест илјади заболени.

Токму затоа од понеделник се отвараат шест нови пунктови за тестирање со што капацитетот ќе се зголеми за дополнителни 500 тестирања дневно.

Вакцините за сезонски грип се пристигнати, викендов ќе бидат дистрибуирани до центрите за јавно здравје а вакцинацијата на граѓаните ќе почне од вторник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG