Трамп се заложи за реотворање на училиштата; ги оцени прописите од здравствени експерти - непрактични

President Donald Trump listens during a "National Dialogue on Safely Reopening America's Schools," event in the East Room of the White House, Tuesday, July 7, 2020, in Washington. (AP Photo/Alex Brandon)

„Сакаат да ги отворат, но барат од училиштата многу непрактични работи“, рече Трамп. „Ќе имам средба со нив“, напиша на Твитер.

Претседателот Трамп смета дека препораките на здравствените експерти за реотворање на училиштата следните недели во време има пораст на бројката на новозаразени случаи со коронавирус се „премногу ригидни, скапи, и многу непрактични“.

SEE ALSO: Досега над 130.000 починати од Ковид-19 во САД


Трамп, кој во вторникот ги повика 50-те гувернери и локални официјални лица од образованието да ја вратат наставата во училиштата во август и септември, и вели дека не се согласува со прописите од владиниот Центар за контрола и превенција на болести, кој што предупреди дека нормалната настава со целосно враќање на учениците во училишните клупи предизвикува „најголем ризик“ за ширење на вирусот.

„Сакаат да ги отворат, но барат од училиштата многу непрактични работи“, рече Трамп. „Ќе имам средба со нив“, напиша на Твитер.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1280857657365200902

SEE ALSO: Ситуацијата со пандемијата во САД е сериозна, предупреди Фаучи

Тој рече дека многу држави во Европа, како Германија, Данска, Норвешка и Шведска ги отвориле училиштата без проблеми. „Демократите сметаат дека е политички лошо за нив, ако САД ги отворат училиштата пред изборите во ноември, но тоа е важно за децата и семејствата. Училиштата може да се соочат со кратење на владино финансирање, ако не отворат“, изјави претседателот Трамп.

По средбата со здравствени и официјални лица од секторот образование, Трамп рече дека „сакаме да се реотворат училиштата. Сите сакаат. И мајките и татковците, и децата. Време е“.

И потпретседателот Мајк Пенс рече дека е „апсолутно важно да ги вратиме децата во училниците“.