Доктор Ентони Фаучи, директор на Институтот за алергија и заразни болести во САД, рече дека ситуацијата со пандемијата во државата навистина не е добра, откако бројот на нови случаи на коронавирус, секој ден, двојно се зголемува во споредба со минатиот месец.
На онлајн конференција, Фаучи го истакна зголемувањето на бројот на заразени, откако сојузните држави почнаа со укинување на забраните, чија цел беше да се спречи ширењето на вирусот.
Тој ја спореди ситуацијата со она што се случува во Европа, каде државите регистрираат нови заразени по укинување на рестриктивните мерки.
Сепак, таму претходно, процентот на заразени значително се намали, за разлика од САД.
„Имавме висока стапка на заразени, никогаш не дојдовме на многу ниско ниво, и сега пак одиме нагоре. Ова е сериозна ситуација, и мора веднаш да се адресира“, рече Фаучи.
Бројот на заразени во САД се зголемува во речиси 40 од 50 сојузни држави, по зголемениот број тестови. Здравствените лица предупредуваат на преоптовареност на болниците.
Најголемите три американски медицински организации, преку писмо, ги повикаа Американците да носат маски, да практикуваат социјално дистанцирање и да одржуваат хигиена на рацете.
Флорида регистрира речиси 10.000 нови слуачи дневно, а сојузните власти дозволија плажите денес повторно да се отворат, откако беа затворени за Денот на независноста.
Гувернерот на Западна Вирџинија нареди, секој над девет години, да носи маска во затворен простор, кога не е можно социјално дистанцирање.
На национално ниво, САД имаат повеќе од 2,9 милиони заразени и 130.000 смртни случаи, што претставува највисок процент во двете категории во цел свет.
Facebook Forum