Првата дама Меланија Трамп изрази разбирање за стотици илјади Американци кои што се погодени од пандемијата со коронавирусот, што е поинакво гледиште од нејзиниот сопруг, претседателот Трамп, којшто честопати го минимизира влијанието од вирусот и има изјавено дека ќе исчезне.
SEE ALSO: Републиканците ја почнаа националната конвенција во Шарлот; централна фигура претседателот Трамп„Од март, нашите животи драматично се променија“, изјави првата дама во говорот од преуредената Градината на розите во Белата куќа.
„Моето најдлабоко сочувство оди кон сите што загубиле близок. Моите молитви се со оние кои се болни и кои страдаат“Меланија Трамп, прва дама на САД
Тонот на говорот на првата дама на САД на републиканската конвенција беше поинаков од вообичаено политичката реторика од првите две ноќи од четири-дневната конвенција, кога поддржувачите на Трамп жестоко го нападнаа демократскиот предизвикувач Џо Бајден, истовремено поздравувајќи го начинот на кој претседателот се справува со пандемијата која има опустошувачки ефект врз економијата.
Првата дама на САД изрази благодарност до здравствените работници коишто лекуваат милиони луѓе заразни од Ковид-19.