Цела седмица десетици илјади луѓе протестираат на улиците на Скоопје, но и во Битола, Струмица, Штип, Куманово и Велес. Протестите избија спонтано по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, за прекин на сите постапки поведени против 56 политичари, главно од власта за криминал, корупција, злоупотреби и изборни кражби.
Вчера, километарска колона од над 10.000 граѓани се движеше од просториите на Специјалното јавно обвинителство, преку Собранието, централниот градски плоштад, до Владата и до Министерството за образование како главен спонзор на контроверзниот проект „Скопје 2014“. Како и претходните денови, дел од демонстрантте ја„„боеја“ Портата Македонија, но во вчерашната акција беше фрлен и детергент во фонатаната на споменикот „Воин на коњ“.
На вториот ден на протестите во Велес учествувале над 1.000 граѓани кои извикувале “Нема правда, нема мир!”, “Оставка!”, “Готово е, Никола!”... Паралелно, пред штабпт на владеачката ВМРО – ДПМНЕ се одржал контра-митинг на припоадници на оваа партија и вработени во администрацијата.
Протест вчера имаше и во Куманово, каде на улиците се движеле околу 3.000 луѓе, и немало регистрирани инциденти. Интересно е дека на кумановскиот протест се забележани претставници на сите етнички заедници.
По неколкудневните протести, вчера во Битола се одржа собрание на отворено, на формираниот Граѓански пленум, како опција за разменување на идеи. Битолчани донеле одлука за бликирање на крстосниците низ градот на следните протести, а вчера протестот го завршиле пред зградата во која живее градоначалникот ВладимирТалески, додека објектот бил под силно полициско обезбедување.
И во Битола, паралелно со продемократските протести, во организација на провладиното Граѓанско движење за одбрана на Македонија, се одржал и контра-протест. Чии учесниции се двиѓеле кон штабот на опозиционата СДСМ во градот.
И за денес се закажани нови протести во неколку градови низ Македонија.