Линкови за пристапност

Македонија: Граѓаните загрижени за безбедноста


Macedonian Politics - Ohrid
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Продлабочувањето на политичката криза може да влијае врз безбедносната состојба во земјата, сметаат дел од граѓаните на Охрид и некои експерти.

Професорот по безбедносни прашања на Државниот универзитет во Тетово , Васфи Доко како негативна ја оценува последната одлука на претседателот Иванов. Според него претседателот треба да влече потези кои долгорочно ќе бидат прифатливи за поголемиот број граѓани на Македонија

„Еден дел на таа т.н опасност од дестаблизација односно излегување од шините на возот претставуваат и последните настани кои се случуиа со аболиција на политичарите. Безбедносната ситуација од ден на ден се влошува. Гледаме ситуации каде од една страна се најавуваат протести и тие се масовни, а на друга страна има контра протести кои навистина ја влошуваат и ја отежнуваат нашата безбедносна ситуација“, вели Васфи Доко, Универзитетски професор.

И Универзитетскиот професор Јове Кекеноски вели дека неисполнувањето на Договорот од Пржино влијае на стабилноста и безбедноста на државата. „Дополнително државата ја дестабилизира одлуката на Иванов за помилување на осомничените за криминални дејанија, неуставното распишување на изборите од страна на поранешниот претседател на Собранието како и односот на поранешниот премиер Груевски кој сака да се одржат нелегитими избори со непрочистен избирачки список, со монополизирани медиуми, со партиско судство и партиска државна изборна комисија“, вели тој.

Запрашани што мислат за ситуацијата, еве што ни кажаа случајно избрани жители на Охрид:

„Сметам дека треба претседателот да ја повлече одлуката и работите потоа да продолжат.Самата одлука дополнително ја комплицира ситуацијата.Загрижен сум. Во секој случај не е на арно“, вели граѓанин.

„Секако дека сме загрижени и сите се загрижени.Ова е навистина неоправдано што се работи“, вели граѓанин.

„Загрижени сме и тоа многу.Партиите се зајадоа една со друга, а треба да се најде излез на било кој начин.Кај народот има страв.Утре ќе кажат пензија нема,а зошто да нема поради такви луѓе“, вели еден граѓанин.

„Не е убав потегот на претседателот. Моментално тоа негативно се одразува на состојбата“, вели граѓанин.

„Ќе им порачам на политичарите ние им даваме глас, тие да направат се како што треба, а не да прават како што сакаат“вели граѓанин на Охрид.

Во меѓу време протестите против одлуката на претседателот Иванов освен во Скопје се шират и во други градови во државата како што се Битола и Струмица.

XS
SM
MD
LG