Тргувањето на светските берзи со мешани резултати

Во Азија, берзата Nikkei придоби 21 поен, но виртуелно нема промени во процентите. Хонг Конг забележа благ пад од 0,1%

Глобалните финансиски пазари и берзи денеска тргуваа со мешани резултати во време кога инвеститорите и натаму чекаат вести од Брисел, каде лидерите на ЕУ и натаму преговараат за деталите околу економскиот пакет помош за справување со последиците од коронавирусот.

SEE ALSO: Се разгледува нов пакет за помош во САД поради корона кризата


Во Азија, берзата Nikkei придоби 21 поен, но виртуелно нема промени во процентите. Хонг Конг забележа благ пад од 0,1%, а берзата во Шангај го заврши денот со раст од 3,1%.

Сиднејската S&P/ASX загуби половина процент, а негатива во тргување беше регистрирано и во Сеул, 0,1% и во Тајван, загуба од седум поени, но без промени во процентот.

Слично и во Европа. Бавен старт на денот на тргување на почетокот од оваа недела. Лондонскиот индекс FTSE имаше загуба од 0,5%, на крајот од денот, а Индексот во Франкфурт, заврши со позитива од 0,4%.

Во САД, Dow Jones имаше пад од 0,2%, но Nasdaq со раст од 1.5% и S&P 500 со дури 4% помогнаа за нов позитивен ден во тргувањето на овој Континент.

Инвеститорите со нетрпение ги очекуваат резултатите од тргувањето во овој квартал на околу 500 компании.