Волкер вели дека решение на длабоката криза во која се наоѓа Македонија можно е само преку гласачите, којшто ќе го имаат последниот збор за иднината.
„Излезот е преку избори. Важно е да има влада која ќе има обновена доверба од граѓаните. Тоа бил можен излез од кризата. Но, патот до таму нема да биде лесен. Ако се земат во предвид сите случаи на аболиција, може да се толкуваат на поинаков начин. Можеш да бидеш на страната на луѓето кои го бранат владеењето на правото и тоа би бил проблем, или може да се гонат луѓе кои биле во владата и тоа да се прави од одмазнички цели. Тоа е навистина тешко. Важно е сега дека откако аболицијата е укината, секој е предмет на истрага“ коментира поранешниот амбасадор на САД во НАТО.
Според него, сега е важно се создаде процес за кредибилни избори, да се прочисти избирачкиот список и да се создадат севкупни услови за избори, кои ќе се одржат на слободен и транспарентен начин.
„Партиите и лидерите кои ќе победат на тие избори ќе бидат оние кои ќе ја извадат земјата од западната криза“, изјави Волкер.
Од двете главни политички партии ВМРО ДМПНЕ и СДСМ немаат најава за разговори за организирање избори.