На помалку од три месеци пред отворањето и свечената церемонија на Летните олимписки игри во Токио, главната јапонска медицинска асоцијација повика на откажување на мега-настанот поради актуелниот бран на новозаразени од Ковид-19.
Медицинската асоцијација на Јапонија објави отворено писмо до премиерот Јошихиде Суга со предупредување дека болниците во главниот град се „речиси преполни“.
Асоцијацијата во која членуваат околу 6000 лекари и болници апелираа до премиерот Суга да го убеди Меѓународниот Олимписки Комитет дека одржувањето на Игрите ќе биде „невозможно“ и оти треба да бидат откажани.
SEE ALSO: Лекари советуваат – трудниците да се вакцинираат со која било вакцинаАктуелниот бран со новозаразени во Токио и некои соседни општини го крена нивото на вонредна состојба.
Олимпискиот игри се закажани за 23-ти јули, што е една година одложување, поради пандемијата.
Последните анкети во Јапонија покажуваат дека 80% од Јапонците се против одржувањето на Игрите, од кои 43% се за откажување, а околу 40% за повторно одложување.