Шекеринска по средбите во Пентагон: Стабилноста на Балканот, ја врзуваат со стабилноста на Европа

Your browser doesn’t support HTML5

Шекеринска: Северна Македонија не е само корисник, туку е придонесувач во НАТО

Ексклузивно интервју на македонската министерка за одбрана за Гласот на Америка

Извадоци од интегралното интервју за Гласот на Америка на македонски -

„Во 30 години независност, свесни сме колкаво беше влијанието од САД и колку позитивни ефекти имаше кога Вашингтон беше вклучен во случувањата и развојот на Балканот. Пораката денес беше дека нема да случи повлекување на американскиот ангажман и интерес од Балканот, нагласи Шекеринска.

SEE ALSO: Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во САД

Таа рече дека првиот фокус на средбите во Вашингтон беше Северна Македонија и Балканот. „Стабилноста на Балканот ја врзуваат секогаш за стабилност на Европа“, нагласи министерката.

„Членството во НАТО не ни е подарено туку сме го заслужиле“ – ја пренесе пораката Шекеринска по средбите со виши американски официјални лица.

За неа, прифаќањето на авганистански бегалци е врвен етички момент, уште поважно е што Северна Македонија сега се наметнува, не како корисник, туку придонесувач, рамо во рамо, со сојузниците.

26-те години дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и САД се карактеризираат со силни меѓусебни врски и релации, на многу полиња, не само во НАТО, рече Шекеринска и најави нова соработка на АРМ во обуката и модернизацијата на опремата со поддршка од САД.