Индија регистрира над 4500 починати во еден ден од Ковид-19

Министерството за здравство потврди дека 4529 лица го загубиле животот како последица од Ковид-19.

Индија објави најголем број на починати од Ковид-19 за 24 часа во светот од почетокот на пандемијата.

Министерството за здравство потврди дека 4529 лица го загубиле животот како последица од Ковид-19.

SEE ALSO: Лекари советуваат – трудниците да се вакцинираат со која било вакцина

Индија сега има 283.248 смртни случаи од повеќе од 25,4, милиони заразени жители. Сега се наоѓа на второто место, зад САД кои водат со 587.219 смртни случаи и потврдени 32,9 милиони во светки рамки.

Во меѓувреме и покрај растечките повици за откажување на претстојните Олимписки игри во Токио, претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Томас Бах, истакна дека Олимписките игри и Параолимписките Игри ќе бидат безбедни за сите учесници.

Тој вети дека повеќе од 80% од жителите во Олимпиското село ќе бидат вакцинирани против Коивд-19 и оти дополнителни медицински лица од другите земји ќе бидат присутни на мега-спортскиот настан во светот.