ЕУ им дозволи на САД, Канада и Норвешка да учествуваат во армиски проект во Европа

НАТО појасни дека воената мобилност е важна во време на зголемена напнатост со Русија.

ЕУ ги најави плановите да им дозволи на САД, Канада и Норвешка да им се приклучат на проектот за „армиска мобилност“, за прв пат Унијата да им дозволи на земји кои не се членки да се приклучат на воени операции.

SEE ALSO: По најавата на САД, и ЕУ рече дека би поддржала укинување на заштитата на интелектуална сопственост врз вакцините против ковид-19

Министрите за одбрана на средбата во Брисел го одобрија планот за три членки на НАТО да се приклучат на блокот на Унијата, кој што треба да го забрза движењето и префрлањето на војници и опрема ширум Европа и да ги олесни бирократските процедури за распоредување.

Одлуката е знак за унапредување на соработката меѓу НАТО и ЕУ.

SEE ALSO: Кина со нова закана преку изградба на пристаниште во Атлантикот

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер изјави дека со ваквиот чин се обезбедува полесно распоредување на војници ширум Европа на нејзините граници, и оти ова е важно прашање не само за ЕУ, туку и за НАТО.

НАТО појасни дека воената мобилност е важна во време на зголемена напнатост со Русија.