Инцидентите во Македонија - потсетник за НАТО да ја одмрзне поканата за членство

Your browser doesn’t support HTML5

Едвард Џозеф за членството на Македонија во НАТО

Аналитичарот Едвард Џозеф за Гласот на Америка ги коментира очекувањата од претстојниот Самит на алијансата во Велс

Поранешниот директор на програмата за Македонија во Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф, во разговор за српската редакција на Гласот на Америка се осврна и на последните инциденти во Македонија со протестите поради доживотните судски пресуди во случајот „Монструм“. Тој ги оцени како мошне сериозни последните инциденти во Македонија поради опасноста од подлабока етничка поделба.

„Сведоци сме на неодговорно лидерство последниве неколку години во Скопје и на овие мошне негативни трендови. Се чини дека оние кои се осудени и веројатно се одговорни за убиствата, примаат јавна поддршка. Тоа е многу вознемирувачки.“, изјави Џозеф.

Сериозноста на ситуацијата Џозеф ја става во поширок контекст, на ургентната потреба Македонија да влезе во НАТО.

Ова е потсетник за итната потреба Алијансата еднаш-засекогаш да го реши проблемот со Грција и да ја внесе Македонија во НАТО
Едвард Џозеф за потребата од влез на Македонија во НАТО

„Ова е потсетник на грешката да се држи замрзната македонската апликација за членство во НАТО поради грчкото противење. Ова е потсетник за итната потреба Алијансата еднаш-засекогаш да го реши проблемот со Грција и да ја внесе Македонија во НАТО“, коментираше овој познавач на балканските прилики.

Таквиот чекор, според Џозеф, би бил најдобриот начин за подобрување на односите меѓу етничките Албанци и Македоци во земјата.