Линкови за пристапност

Андерс фог Расмусен за иднината на НАТО


Расмусен во Вашингтон за иднината на НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Расмусен во Вашингтон за иднината на НАТО

Во Атлантскиот совет во Вашингтон говореше за руските потези, проширувањето, новите предизвици

Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен, чиј мандат завршува по Самитот во Велс во септември, синоќа во Атлантскиот совет во Вашингтон истакна дека вредностите на сојузниците се во опасност и дека треба да зајакне трансатлантското партнерство со тоа што ќе се прошири соработката.

Во веројатно последното обраќање во американскиот главен град на тековната функција, Расмусен се задржа на иднината на НАТО во контекст на предизвиците. Се заложи за цврст колективен безбедносен чадор за сите членки на НАТО и за границите на сојузот, во контекст на ситуацијата во Украина.

„Русија не се обидува само повторно да создаде сфера на влијание, туку и да зададе удар врз меѓународното право што сме го граделе со децении. Нејзините нелегални и нелегитимни потези охрабруваат други автократски режими да го следат нејзиниот пример“, истакна 12-от генерален секретар на НАТО.

Тој ја нагласи и политиката на отворени врати за членството во НАТО.

Секоја земја ќе се оценува поединечно.

„На крајот на краиштата, тоа е политичка одлука, дали дошло време да се отвориме за членство. Ние сме во директен дијалог со аспирантите. За некои од нив, создадовме Акционен план за членство (МАП) и во него дефинираме одредени реформи што треба да се извршат, одредени критериуми што мора да се исполнат. На пример, за Црна Гора укажавме на реформите во безбедносниот сектор како конкретно прашање и на тоа ќе се насочиме во разговорите. Аспирантите мошне добро знаат што е потребно за влез во НАТО“, потенцираше овој поранешен дански премиер.

Промовирањето на економскиот растеж и подобрувањето на стандардот на живот ќе бидат нови предизвици за Алијансата. НАТО мора да се фокусира на поголема енергетска безбедност и намалување на зависноста на земјите од ЕУ од рускиот гас. Според Расмусен, САД и Европа споделуваат исто вредности за безбедносни, економски и културолошки прашања. Потенцира: солидарноста мора да се покаже и на дело и да се почитува еден од основните постулати - еден за сите, сите за еден.

Од Самитот во Велс ќе биде испратена порака дека НАТО е робустен, исправен и подготвен за нови предизвици, најави генералниот секретар на НАТО.

XS
SM
MD
LG