САД ја одбележаа успешната дистрибуција на над 200 милиони вакцини против Ковид-19 во повеќе од 100 држави во светот, чекор што Белата куќа го нарече исполнување на заложбата на претседателот Бајден, САД да станат „најголем светски арсенал на вакцини“.
SEE ALSO: Белата куќа го објави планот за вакцинација на децата
„Денес, Американците имаат 200 милиони причини да бидат горди“, се вели во соопштението од администраторот на Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, Саманта Пауел.
„УСАИД е горда агенција да биде во првите редови од меѓународните напори за вакцинација во оваа комплексна и досега невидена пандемија во модерната историја“, изјави Пауел.
Мината недела, Бајден ги најави плановите на САД да донираат повеќе од една милијарда дози за земјите со ниски и средни примања.
УСАИД работи на обезбедување на помошта кон овие нации со тестови, заштитна опрема и лекови.