Линкови за пристапност

Белата куќа го објави планот за вакцинација на децата


Независниот советодавен комитет на Администрацијата за храна и лекови треба да се состане на 26-ти октомври за да разгледа итно одобрување за употреба на вакцината за деца од пет до 11 години

Белата куќа денес објави дека има план за вакцинирање на секое дете на возраст од пет до 11 години во Соединетите држави, во очекување на одобрувањето на вакцината Фајзер за деца во следните неколку недели.

За време на виртуелниот брифинг со новинарите, координаторот за коронавирус во Белата куќа, Џеф Зиентс, рече дека администрацијата на Бајден ќе работи со државните и локалните власти во изминатите неколку недели за да се осигури дека вакцинациите за малите деца се безбедни и лесно достапни.

Зиентс рече дека Белата куќа запишала повеќе од 25.000 педијатри, матични лекари, детски болници, аптеки и здравствени центри во заедницата и руралите за да помогнат во дистрибуцијата на вакцини.

Тој рече дека вакцините остануваат најефективниот начин за излез од пандемијата. Тој рече дека 193 милиони квалификувани жители на САД се веќе целосно вакцинирани, а тоа е повеќе од две од вкупно три лица, на возраст од 12 години и повеќе. Тој рече дека ако вакцината биде одобрена за помали деца, ќе се вакцинираат уште 28 милиони луѓе кои ги исполнуваат условите за вакцина.

Независниот советодавен комитет на Администрацијата за храна и лекови треба да се состане на 26-ти октомври за да разгледа итно одобрување за употреба на вакцината за деца, проследено со независниот советодавен комитет на Центрите за контрола и превенција на болести на 2-ри и 3-ти ноември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG