Модерна врши тестирање на вакцината против Ковид-19, за мали деца и тинејџери

Дозите би се давале меѓу 28 дена, а истражувачите ги надгледуваат страничните ефекти од вакцината, како и ефикасноста врз најмладите

Американската фармацевтска компанија Модерна почна со тестирање на две дози од вакцината против Ковид-19 врз помали деца, за да може да утврди дали вакцинацијата ќе може да се прошири врз лица помали од 18 години.

Компанијата објави дека го испитува ефектот од вакцината на околу 6750 деца во САД и Канада на возраст меѓу шест месеци и 12 години. Дозите би се давале меѓу 28 дена, а истражувачите ги надгледуваат страничните ефекти од вакцината, како и ефикасноста врз најмладите.

SEE ALSO: Северна Македонија: Влошување на здравствената ситуација, нема нови рестриктивни мерки, ниту пак вакцини за широката популација

Истражувањето се спроведува во соработка со националниот Институт за алергии и заразни болести во САД, кој помогна во развојот на вакцината против Ковид-19 на компанијата Модерна.

Овој фармацевтски гигант во САД веќе има спроведено свое истражување за безбедноста и ефикасноста на вакцината врз 3000 деца на возраст меѓу 12 и 18 години.

SEE ALSO: Истражување: Еден од пет Американци загубиле близок од Ковид-19

Во меѓувреме, виетнамската влада објави дека домашната вакцина против Ковид-19 Наноковакс ќе биде достапна до крајот на годината.

Вакцинирање во Виетнам

Виетнам веќе спроведе вакцинирање врз повеќе од 15.000 жители со вакцината Астра-Зенека, а во моментов е во преговори за набавка на повеќе вакцини од Фајзер, Модерна, Џонсон и Џонсон, како и руската Спутник В.