Дали граѓанска обврска е завршена? Колку секој иселеник има мал личен придонес за подобро планирање на татковината? Има ли таргетирани пораки од институциите, или се е препуштено на самоинформирање, или партизираност на процесот, кој треба да биде статистички? Што велат иселениците за попишувањето на дијаспората, во 2021? Имаат ли забелешки?
„Постигнавме договор поради имунизацијата да го одложиме пописот од 5 до 30 септември, а ќе се одложат и изборите. Ќе продолжи попишувањето на дијаспората, а повикувам и граѓаните во земјава да го поддржат пописот кој сега ја има поддршката и на најголемата опозициска партија“ изјави премиерот Зоран Заев.
Северна Македонија врши попис и на државјаните кои живеат во странство, како дел од националниот попис 2021.
Самопопишувањето, е дигитално:
https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx
Регистрацијата за самопопишувањето се врши само од странство. Податоците се лични и заштитени со закон.
Гласот на Америка разговараше со двајца претставници на две глобални организации на македонската дијаспора, за нивните очекувања, гледишта, за процесот…..
Мето Колоски е претседател на ОМД - Обединета Македонска Дијаспора.
„ОМД уште од почетокот на март објави соопштение во јавноста околу нашите ставови за пописот и како може дијаспората, да се попишува дијаспората“, вели Колоски.
Глас на Америка: Која е вашата порака до дијаспората?
Колоски: Или не има, или, ќе не нема. Бројките се многу битни секаде во светот, и мора што повеќе Македонци да се попишат на пописот.
Глас на Америка: Може ли да се добие реална слика за дијаспората?
Колоски: Дефинитивно, не може. На пример, ОМД, претставува Македонци, коишто се прва, втора, трета, до шеста генерација, кои доаѓаат не само од Македонија, туку и од Мала Преспа, Егејска Македонија, Пиринска...многу е тешко да се знае севкупната слика.
SEE ALSO: Пописот одложен – Заев и Мицкоски постигнаа договорГоран Дамчевски, живее и работи во Љубљана, Словенија, член на Одборот на Форумот за Демократска Македонија. Смета, пописот како операција е потребна и го поддржува одржувањето.
Дамчевски: „Мислиме дека секој човек е доволно свесен да одлучува самостојно, ја разбираме резервираноста за процесот, но доколку граѓаните проценат, би било корисно сите заедно да се попишеме во овој момент, без разлика какви се пропустите, и каква е задршката во позадина“, коментира Дамчевски.
Глас на Америка: Какви аномалии гледате во пописната постапка? Дали, има?
Дамчевски: „Пописот полека станува да личи на политичка наместо на статистичка операција. Требаше да се оддели политиката од статистиката“, вели Дамчевски.
Тој додава: „Досега немаме видено добар аргумент, зошто би се граделе политики врз основа на попишаното население од дијаспората. Ова е голема задршка кај нас. Не сакаме да се манипулира и да се искористи дијаспората за политички цели“.
SEE ALSO: Попис 2021: Кои се чекорите што треба ги направат македонските граѓани во странство?Од Владата во Скопје повторно порачаа дека пописот е од витално значење за државата за понатаму да може да се прават стратегии за развој.
Последниот попис беше спроведен во 2002-ра, и според тогашната статистика, популацијата брои околу 2 милиони и 22.000 жители. Во 2011-та, обидот за попис заврши неуспешно, a операцијата не се спроведе.