САД: Центарот за контрола на болести ги ревидираше прописите за тестирање за Ковид-19

Нема објаснувања за ваквата нагла промена. Експертите стравуваат дека новите прописи може да водат до намалено тестирање.

Здравствените експерти се изразија загриженост за новите прописи од Центарот за контрола на зарази и болести за тестирање.

ЦДЦ објави дека луѓето кои што имале близок контакт со некој што бил заразен од Ковид-19 „немаат мора да бидат тестирани“, ако немаат видливи симптоми на вирусот. Оваа владина агенција претходно препорачуваше дека секој кој имал близок контакт на помала оддалеченост од два метри најмалку 15 минути, со заразен, би требало да се тестира.

SEE ALSO: САД одобрија плазма како лек за Ковид-19


Нема објаснувања за ваквата нагла промена. Експертите стравуваат дека новите прописи може да водат до намалено тестирање.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Агенцијата за храна и лекови дала итно одобрување за користењето плазма за лекување на пациенти со Ковид-19.

Плазмата се зема од луѓе кои веќе закрепнале од коронавирусот и се дава на пациенти кои се уште се болни.