Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата соопшти дека Агенцијата за храна и лекови дала итно одобрување за користењето плазма за лекување на пациенти со Ковид-19.
Плазмата се зема од луѓе кои веќе закрепнале од коронавирусот и се дава на пациенти кои се уште се болни.
Првиот човек на Агенцијата за храна и лекови рече дека анализирале податоци од 20 илјади од 70-те илјади пациенти кои добиле ваков третман, како и од други истражување и заклучиле дека треба да биде донесена одлука за итно одобрување.
Некои научници се повнимателни околу поддршката на овој третман и велат дека има мешани резултати и дека нема доказ оти функционира против Ковид-19.