Болтон го нарече Трамп „непредвидлив лидер“ во интервју за Гласот на Америка

„Начинот на кој ги носи одлуките е опасно“, рече Болтон во интервју за Грета ван Сустерн, водителка на неделното шоу Plugged in, на Гласот на Америка, телевизиска програма која анализира надворешно-политички прашања поврзани со САД.

Поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа Џон Болтон, во интервју за Гласот на Америка, ја бранеше саркастичната критика врз претседателот Трамп, оценувајќи го како „непредвидлив лидер“, кој што би ја поткопал американската безбедност, за да си подобри шансите за реизбор на функцијата.

Интервју на Грета ван Сустерн со претседателот Трамп во Сингапур во 2018-та, кога постигна договор со севернокорејски лидер за евентуална денуклеаризација на Корејскиот полуостров

„Начинот на кој ги носи одлуките е опасно“, рече Болтон во интервју за Грета ван Сустерн, водителка на неделното шоу Plugged in, на Гласот на Америка, телевизиска програма која анализира надворешно-политички прашања поврзани со САД.

Болтон ги промовираше контроверзните мемоари - The Room Where It Happened ( Во собата каде се случуваа работите), алудирајќи на состаноците за време на неговиот професионален ангажман во администрацијата на претседателот Трамп. Во книгата, Болтон, кој важи за долгогодишен десничарски јастреб во надворешно-политичките односи ѝ кој ја напуши Белата куќа во септември по 18-месечно извршување на функцијата советник за национална безбедност, објави сериозни обвинувања за однесувањето на претседателот и неуспехот во надворешната политика.

SEE ALSO: Книгата на Болтон е компилација од лаги и измислени приказни, вели Трамп

Неговите обвинувања беа пречекани со жестоко отфрлање од претседателот и други виши официјални лица, коишто сугерираа дека Болтон е горчлив, затоа што претседателот Трамп му ги отфрлал неговите тврдокорни политички препораки за разни прашања.

Компилација од лаги и измислени приказни.
Претседателот Трамп за најновите мемоари на Џон Болтон


Претседателот Трамп ја нарече книгата на Болтон „компилација од лаги и измислени приказни“, истовремено обвинувајќи го поранешниот советник за национална безбедност дека го крши законот со објавување на строго доверливи информации.

Претседателот Трамп и советникот Болтон на состанок во Белата куќа

Во интервју за Гласот на Америка, Болтон го опишува Трамп како импулсивен, некомпетентен, и премногу попустлив во нудење отстапки кон непријателите на Америка, како Иран и Северна Кореја, со цел да го зголеми политичкиот рејтинг.

Болтон во мемоарите објави, како што ги опиша, вознемирувачка конверзација, меѓу претседателот Трамп и кинескиот претседател Ји Џипинг, кој побарал од него да му помогне во реизборот, а за возврат да ја запре криминалната истрага.

Болтон на прес во Белата куќа

Тој исто така бил сведок кога Трамп извршил притисок врз претседателот на Украина да му даде компромитирачки информации за неговиот политики ривал во САД, обвинение што подоцна водеше до постапка за импичмент на Трамп во Конгресот.

Питер Наваро, одговорен за трговски преговори во Белата куќа

Питер Наваро, шеф на преговарачкиот тим за трговски прашања во Белата куќа, ги отфрли тврдењата на Болтон дека Трамп е премногу мек кон кинескиот претседател Џипинг, и ја бранеше одлуката на претседателот да воведе зголемени тарифи врз Кина поради нефер трговската размена и кршењето на човековите права во Хонг Конг.

Многу аналитичари во Вашингтон не се согласуваат со тврдокорните погледи кон светски прашања.

„Џон Болтон беше претежно погрешен со заземањето ставови во неговата кариера“, изјави Мајкл О Ханлон, виш експерт за надворешна политика при Институцијата Брукингс, оценувајќи дека екстремните режими коишто се туркани кон амбис, вообичаено, целосно не капитулираат.

SEE ALSO: Трамп ја почна кампањата за претседателските избори

Додека сите американски претседатели ги користат постигнувања во надворешната политика за добивање политички поени на домашен план, Болтон изрази загриженост во новата книга дека Трамп е подготвен за компромис за долгорочните приоритетите за националната безбедност, за да може да се пофали со напредок за некои жешки дипломатски предизвици.

Марк Симаковски, аналитичар за национална безбедност при Атлантскиот совет, ја сподели загриженоста.

„Мислам дека тоа што го издвојува претседателот Трамп од другите претходници е што носи одлуки врз база на неговите лични политички интереси“, изјави Симаковски.

Болтон ја напушти Белата куќа минатиот септември, откако имаше несогласување со одлуката на Трамп да го отповика планираниот воздушен напад врз Иран како одмазда за соборувањето на американско беспилотно летало.

Додека Болтон вели дека поднел оставка, претседателот Трамп инсистира дека го отпуштил.