Линкови за пристапност

Книгата на Болтон е компилација од лаги и измислени приказни, вели Трамп


Во книгата „Собата каде што се случи тоа“, поранешниот советник за национална безбедност го опишува Трамп како неверојатно неинформиран лидер

Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон, откако во неговата нова книга „Собата каде што се случи тоа“, тој го опишува претседателот како „неверојатно неинформиран“ лидер.

Во низа коментари на Твитер, Трамп ја нарече книгата на Болтон „компилација од лаги и измислени приказни, сите со намера да направат да изгледам лошо. Многу од овие апсурдни изјави, кои тој ми ги припишува мене, никогаш не биле направени, чиста фикција“, напиша Трамп, додавајќи дека Болтон е „досадна будала, која сакаше само да оди во војна“.

Белата куќа бара судска наредба за да се стопира излегувањето во продажба на книгата на Болтон, кое е закажано за следната недела.

Белата куќа смета дека книгата содржи доверливи информации за националната безбедност, кои треба да се чуваат во тајност, иако веќе неколку медиуми обезбедија копии од книгата, и информираат за неа.

Портпаролката Кејли Мекенани, рече дека одлуката на Болтон да ја објави оваа книга е за презир.

Во книгата, Болтон вели дека Трамп барал од кинескиот претседател Шји Џјинпинг да му помогне да победи на изборите, мислел дека Финска е дел од Русија, и не бил свесен оти Британија поседува нуклеарно оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG