САД разгледуваат дополнителни мерки врз режимот во Мјанмар

Зборувајќи со малезискиот министер за надворешни работи Саифудин Абдила во Куала Кумпур, Блинкен изјави дека целта на потези од индивидуалните држави или од заедничките напори е да се изврши притисокот врз земјата да се врати на демократската траекторија.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека е неопходно да се разгледаат дополнителни мерки против Мјанмар каде 10 месеци по воениот пуч, „кризата во земјата продолжува да се зголемува“.

SEE ALSO: Блинкен за заложи за поголемо партнерство во Индо-пацифичкиот регион

Зборувајќи со малезискиот министер за надворешни работи Саифудин Абдила во Куала Кумпур, Блинкен изјави дека целта на потези од индивидуалните држави или од заедничките напори е да се изврши притисокот врз земјата да се врати на демократската траекторија.

Тој цитираше неколку цели, како ставање крај на насилството, ослободување на затворениците и пристап на терен од хуманитарните работници.

Шефот на малезиската дипломатија истакна дека е важно состојбата во Мјанмар да биде дел од агендата на АСЕАН следниот месец, кога би требало да биде изготвен детален план за излез од кризата.