Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека САД треба да работат со сојузниците да бранат и промовираат слободен и отворен Индо-Пацифички регион.
Зборувајќи за време на посетата на Индонезија, Блинкен изјави дека најголема сила против постоечките закани е соработката со други нации, и дека САД сакаат да обезбедат сите луѓе и држави да имаат слобода да одлучат за нивните иднини и партнерства.
„Ќе усвоиме стратегија, која ќе не поврзува со дипломатијата, воената сила и разузнавањето, изјави тој.
Блинкен ја потврди заложбата на САД за слободна навигација во Јужното кинеско море, каде Пекинг со неговите потези е закана за движењето и проток на добра во висина до три трилиони долари.
Минатиот месец, Кина се заложи за избегнување на доминацијата во Јужното кинеско море, но експерти велат дека заложбата доаѓа предоцна за да се уверат помалите југоисточно азиски нации за стратешката експанзија на Кина последните години.
Facebook Forum