Белата куќа објави дека рано утринава американскиот претседател Џо Бајден „ја поздрави можноста да зборува отворено и искрено“ со кинескиот колега Си Џинпинг за прашања како човековите права, економската соработка, ситуацијата во Тајван, на првата средба „еден на еден“, откако ја презема функцијата во Белата куќа.
SEE ALSO: Клучни поенти од средбата Бајден – ЏинпингПретседателот Бајден подвлече дека САД ќе продолжат да стојат зад своите интереси и вредности, заедно со сојузниците и партнерите, и да осигурат дека правилата за напредок на меѓународниот систем во 21-от век се „слободни, отворени и фер“, објави Белата куќа во соопштение кое беше објавено по повеќе од тричасовната виртуелна средба.
Во соопштението од Белата куќа се додава дека САД ја поддржуваат политиката „Една Кина“, која се противи на независноста од Тајван и „силно се против унилатерални напори за промени на статус кво или поткопување на мирот и стабилноста ширум тајванскиот Залив.
Ваквите уверувања беа поздравени од Пекинг, при што кинескиот министер за надворешни работи изјави дека разговорите со САД треба да престанат да испраќаат „погрешни сигнали до тајванските сили за независност“.
https://www.fmprc.gov.cn/mfa_eng/wjb_663304/zzjg_663340/bmdyzs_664814/xwlb_664816/t1919132.shtml
Виш официјален претставник од администрацијата потврди дека двајцата светски лидери разговарале подолго од предвиденото, во две сесии кои надминале над три и пол часа.