Линкови за пристапност

Клучни поенти од средбата Бајден – Џинпинг


Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг одржаа виртуелна средба во понеделникот. Еве неколку од клучните моменти од нивниот разговор.

Конкуренти кои комуницираат

И Бајден и Си јавно зборуваа за потребата нивните влади да бидат отворени и искрени едни со други.

Бајден рече дека двајцата лидери имаат одговорност „да осигураат дека конкуренцијата меѓу двете земји нема да не премине во конфликт, без разлика дали е намерен или ненамерен.“

Си рече дека двете земји „треба да се почитуваат една со друга, да коегзистираат во мир и да продолжат со соработка од која корист ќе имаат и двете страни“.

Области на соработка

Со оглед на тоа што Соединетите Американски Држави и Кина имаат клучни места во Советот за безбедност на ОН и статус на две најголеми економии во светот, Бајден и Си истакнаа дека постојат важни области од заеднички интерес.

„Ми се чини дека треба да бидеме јасни и искрени онаму каде што не се согласуваме и да работиме заедно онаму каде што се вкрстуваат нашите интереси, особено за виталните глобални прашања како климатските промени“, рече Бајден.

Си рече дека за напредок на двете земји е потребна стабилна врска меѓу нив, како и дека треба да се најдат ефективни одговори на глобалните предизвици како што се климатските промени и пандемијата со Ковид-19.

Опсег на теми

Белата куќа соопшти дека средбата вклучувала дискусија за практиките за човекови права на Кина во Ксинџијанг, Тибет и Хонгконг. Лидерите, исто така, разговарале за слободата на навигација на бродовите и, според Белата куќа, потребата да се заштитат американските работници и бизниси од „нефер трговските и економските практики на Кина“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG