Бајден го одржува првиот состанок со Кабинетот во Белата куќа

Сите присутни ќе носат заштитни маски

Американскиот претседател Џо Бајден го одржува првиот состанок со новиот Кабинет.

SEE ALSO: Бајден патува во Пенсилванија да го промовира планот за инфраструктура кој сака да го финансира со зголемување на даноците за корпорациите

Средбата на виши официјални лица од администрацијата доаѓа во време кога ќе биде претставен предлогот за развој на инфраструктурата од 2 трилиони долари, за кој се надева, дека ќе добие конгресно одобрување.

Белата куќа објави дека 25 луѓе ќе присуствуваат на денешниот состанок. Меѓу нив ќе бидат потпретседателката, и првите луѓе од Одделите за Одбрана, Стејт департментот и за финансии, како и виши официјални лица како директорот за националното разузнавање.

Наместо во традиционалната соба во Белата куќа за состаноци, средбата ќе биде во Источната Соба, каде има повеќе простор за социјално дистанцирање согласни мерки воведени поради пандемијата.

Сите присутни ќе носат заштитни маски.