Линкови за пристапност

Бајден патува во Пенсилванија да го промовира планот за инфраструктура кој сака да го финансира со зголемување на даноците за корпорациите


Планот предвидува обнова на патишта, мостови, и на системите за транспорт, вода за пиење и струја

Претседателот на САД Џо Бјаден денес патува во Питсбург, Пенсилванија, да го промовира планот за инфраструктура од два трилиона долари, кој вклучува обнова на патишта, мостови, и на системите за транспорт, вода за пиење и струја.

Според висок официјален претставник на администрацијата, реализацијата на овие проекти ќе трае осум години.

„Овие се инвестиции со висока вредност, кои ќе придонесат за подобрување на економијата, и како држава не смееме да дозволиме да не се направат“, изјави за новинарите високиот официјален претставник на администрацијата.

Бајден предлага да плати за се` преку промена на даноците за корпорациите, вклучувајќи зголемување на корпоративниот данок од 21 до 28 проценти.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, рече дека администрацијата е отворена за различни идеи во однос на тоа како да се финансира овој план.

Републиканците во Конгресот се спротивставија на планот на Бајден за покачување на даноците, велејќи дека тоа ќе се одрази врз американските работници, ќе го забави економскиот раст, и оти ќе ја намали конкурентноста на американските компании во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG