Повеќе од 90% од федералните работници примиле најмалку една доза од вакцина против Ковид

Во септември Бајден најави сите федерални работници имаат рок до 22-ри ноември да се вакцинираат, доколку не обезбедат докази за исклучок врз медицинска или религиозна база.

Официјални лица од Белата куќа објавија дека 90% од сите федерални работници примиле најмалку една доза од вакцина против Ковид-19, согласно денешниот рок кој го зададе претседателот на САД.

Во септември Џо Бајден најави сите федерални работници имаат рок до 22-ри ноември да се вакцинираат, доколку не обезбедат докази за исклучок врз медицинска или религиозна база.

SEE ALSO: Австрија воведе нови рестриктивни мерки, Европа при налет на нов бран од Ковид-19


Федералните работници коишто нема да го почитуваат денешниот рок ќе почнат процес на „разгледување на нивниот случај“, кој што евентуално може да заврши со прекин на работниот однос, ако и натаму се невакцинирани без да обезбедат потврда за исклучок од процесот на задолжителна вакцинација.

Заменик-портпаролот на Белата куќа Кевин Муноз изјави преку Твитер дека 95% од сите вработени во американската влада ги почитуваат барањата од администрацијата на Бајден за вакцинацијата. Тој додаде дека „нема попречување во исполнување на критериумите за вакцинацијата“.

https://twitter.com/KMunoz46/status/1462766072759791626

SEE ALSO: САД преговараат за купување 10 милиони дози од новиот лек за Ковид-19?


Заменикот секретар во Одделот за домашна безбедност за односи со јавноста, Марша Катрон Еспиноза изјави дека 98% од вработените во американската погранична служба и 93% од Одделот за безбедност по аеродромите, ги почитувале барањата за задолжително вакцинирање од американската влада.

https://twitter.com/MCatronDHS/status/1462773656229236744

SEE ALSO: Филипче: Една вакцина или ПЦР тест за вработените во администрацијата


Официјален претставник од администрацијата на Бајден за Ројтерс изјави дека конечниот бројки за вработените во владата кои што се вакцинирани може да се зголемат со оглед дека рокот истекува на полноќ.

Сепак, последните извештаи наведуваат дека 175.000 федерални работници можеби нема да бидат вакцинирани, што се коси со правилата за задолжително вакцинирање.