Линкови за пристапност

Филипче: Една вакцина или негативен ПЦР тест за вработените во администрацијата


Вработените во јавниот сектор ќе можат да одат на рабопта и со потврда за прележан Ковид не постара од 45 дена. Доколку одбијат вакцинација мора да приложат негативен ПЦР тест ннаправен на свој трошок. За сите здравствени работници се воведува задолжително вакцинирање

СКОПЈЕ- Комисијата за заразни болести денеска излезе со нови мерки кои ќе ги препорача до Владата а се однесуваат на здравствените работници и вработените во јавниот сектор, локалната самоуправа и администрацијата. За да можат да одат на работа административците ќе мора да приложат доказ дека примиле барем една доза вакцина или потврда дека прележале Ковид -19 во последните 45 дена. Доколку одбијат да се вакцинираат или немаат прележано ќе треба да приложувцаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа кој ќе го вадат на свој трошок.

„ На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука за нови мерки, која ќе биде предложена до Владата на Република Северна Македонија. Оваа одлука е донесена со консензус, од страна на сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците. Сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче по сотанокот на Комисијата.

За здравствените работници вакцинацијата ќе биде задолжителна, а според официјалните бројки речиси 30 отсто од здравствените работници не се вакцинирани. Што доколку одбијат, Филипче немаше одговор.

„Комисијата за заразни болести препорача и вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките денес предложени да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата за да граѓаните имаат време да се вакцинираат и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сеуште невакцинирани“, објасни Филипче.

Околу сертификатите и впечатокот дфека се прават злоупотреби и фалсификати за влез во кафеани, барови, спортски и културни настани министерот потврди дека тој проблем е регистриран и ќе биде разгледан на седница на Кризнипт штаб но и дека има алатки за да се реши.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG